Внимателно тргување на европските берзи, златото на ново рекордно ниво

На европските берзи во понеделник претпладнето најважните индекси осцилираат меѓу позитивна и негативна територија, додека инвеститорите ги следат засилените тензии на Блискиот исток, поради што расте побарувачката на златото, чија цена достигна ново рекордно ниво.

По двонеделниот раст, паневропскиот индекс Stoxx 600 беше во претпладневниот пресек од трувањето беше во благ плус од 0,04 отсто. Истовремено, франкфуртски DAX падна за 0,26 отсто, на 19.606 поени, а париски CAC за 0,16 отсто, на 7.601 поен, додека лондонскиот Ftse индекс се зголеми за 0,24 отсто, на 8.378 поени.

За нови насоки, инвеститорите го чекаат објавувањето на деловните резултати на германскиот софтверски гигант SAP, чија акција има 15 отсто удел во DAX индексот.

Во меѓувреме, цената на реосигурителот „Munich Re“ падна најмногу, за повеќе од 2 отсто, откако брокерската компанија „Jefferies“ го намали рејтингот на акциите на „да се држат“.

Поради напнатата геополитичка ситуација во светот, цената на златото претпладнево порасна за 0,42 отсто, на ново рекордно ниво од 2.741,9 долари за унца. Расте и цената на среброто, утринава за 1,3 отсто, на 34,08 долари за унца, што е највисоко ниво од крајот на 2012 година.

„Сегашното пазарно опкружување со пад на каматните стапки и зголемени геополитички ризици е сценарио кое го поддржува растот на цената на златото од двете страни“, објаснува Тим Вотерер, аналитичар во компанијата „KCM Trade“.