Ако сте вљубени во некој што е роден во овој хороскопски знак, тогаш внимавајте, тие не сакаат сериозни врски.
Близнаци
Не сакаат да се чувствуваат врзано и ќе се повлечат ако почувствуваат дека некој ги гуши. Со оглед на тоа што времето им е исклучително важно, може да избегнуваат врзување од страв дека ќе направат погрешна одлука поради која ќе загубат драгоцено време.
Склони се на флертување и на неверства, затоа што постојано им е потребно докажување и обожавање на другите луѓе за да го кренат своето его. Во врската го сакаат само најдоброто, затоа што тоа е тоа што тие самите го нудат.
Во налет на бес, низ куќата ќе летаат предмети, но веднаш по оваа театрална претстава ќе се извинат и ќе го исчистат целиот неред, како ништо да не се случило. Сакаат кога се во центарот на вниманието и честопати премногу ги вреднуваат површните нешта.
Мошне често премногу се продлабочуваат и поради тоа може да се случи погрешно да проценат некого или некоја ситуација. Ова воедно е и најголемата маана на близнаците. Понекогаш ќе мора да потрошите часови за да ги натерате да го променат мислењето затоа што може да донесат погрешен заклучок за многу кратко време. Расположението може да им се венува како што дува ветерот и постојано да ги преиспитуваат сопствените одлуки, под услов воопшто да успеале да ја донесат.
Постојано се преиспитуваат и може да бидат големи ситничари. Поради оваа особеност Близнаците се склони кон анксиозност.