Внимавајте: Во Скопје се продаваат небезбедни играчки за деца!

Засилените контроли на државната пазана инспекција откриле рафтови полни со производи кои не ги почитуваат основните стандарди за безбедност. Во изминативе 10 дена неколку видови на светилки и играчки биле повлечени од продажба, пишува Курир.

Во овој период граѓаните подготвувајќи се за новогодишните празници интензивно пазарат  подароци. Велат дека се трудат да ги прочитаат информациите на производите и внимаваат што купуваат.

При купувањето на овие производи најважно е да се обрне внимание на декларацијата и ознаките од производителот. Од пазарниот инспекторат предупредуваат дека доколку купите светилки со краток и неизолиран кабел, може да предизвикате пожар.

Она што малку граѓани знаат е дека според Законот за заштита на потрошувачите, во одреден временски период и со прикажување на фискална сметка, продавачот има обврска да го врати и ли замени производот кој е небезбеден за употреба.