Внуката на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини во четвртокот изјави дека ја напушта партијата Браќа на Италија (Fratelli d’Italia – FDI) на премиерката Џорџа Мелони, бидејќи е премногу десничарска, откако неодамна го оспори ставот на партијата за правата на малцинствата.
Рекеле Мусолини, градска советничка од Рим, која освои најмногу гласови од кој и да друг кандидат на последните избори за градски совет на римската престолнина во 2021 година, рече дека се префрла во советничката група на поумерената десна партија Италија напред (Forza Italia).
„Време е да се сврти страницата и да се приклучам на партијата што ја сметам за поблиска до моите умерени и центристички чувства“, изјави 50-годишнaтa Мусолини за новинската агенција АNSA, потврдувајќи ги претходните извештаи на медиумите.
И други потомци на Мусолини се занимаваат со поликата, и сите се во десните партии, како што е и полусестрате на Ракеле, Алесандра Мусолини поранешна членка на Европскиот парламент.
Партијата Браќата на Италија е основана во 2012 година на темелите на постфашистичката партија Италијанско општествено движење (MSI) кое беше основано од приврзаниците на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини по Втората светска војна, којашто престана да постои во 1990 година. Аналитичарите пред изборите во 2021 година истакнуваа дека Мелони дека работела многу својата партија да ја направи „салонска“ и де се ослободи од постфашистичката етикета која ја следеше.
Откако ја презеде функцијата во 2022 година, Мелони се обидува да ја претстави партијата како „мејнстрим“ конзервативна групација. Критичарите велат дека напорите се во голема мера козметички, укажувајќи на тврдокорните ставови на партијата за имиграцијата, абортусот и истополовите родители, како и нејзините потези за заострување на казните за сурогат мајчинството.
Напред Италија, дел од владејачката коалиција на Мелони, исто така се претставува како партија која ги брани традиционалните христијански вредности, но се смета за полиберална за граѓанските права.