Мери Трамп, внука на американскиот претседател Доналд Трамп, денес покрена кривична пријава обвинувајќи ги Трамп и неговите браќа и сестри за измама во која тие и го одзеле правото на недвижен имот изграден од Фред Трамп.
Внуката на претседателот ги обвини нејзините двајца чичковци и тетката, пензиониран федерален судија, за заговор за време на кој тие и понудиле „еден куп лажни проценки“ и ја принудиле да потпише договор за спогодба во кој и биле украдени „десетици милиони долари“.
„Наместо да ги штитат интересите на Мери Трамп, тие смислија и извршија комплексен план за да извлечат средства од неа, да ги прикријат нивните измами и да ја измамат за вистинската вредност на она што го наследила“, се наведува во тужбата.
Да потсетиме, 55-годишната Мери Трамп во јули ја објави книгата Премногу и никогаш повеќе: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот. Во книгата таа тврди дека била отстранета од тестаментот на нејзиниот дедо поради смртта на татко и. Таа исто така изјавила дека нејзиниот дедо не ја сакал нејзината мајка.
Мери Трамп имала 16 години кога нејзиниот татко починал во 1981 година, а таа и нејзиниот брат Фред Трамп Трети наследиле малцински интереси во семејните недвижнини.
Бидејќи Мери во тоа време била сè уште тинејџерка, во тужбата , како што наведува адвокатот Ирвин Дурбен, кој исто така бил адвокат и извршен директор на Трамп во компаниите поврзани со Трамп, бил назначен за нејзин доверител.
Според тужбата, Дурбен, кој починал во 2016 година, бил во „судир на интереси“ и на крајот „целосно ја истиснал од семејниот бизнис“.