Внуката на Трамп во книга открива што тој има против Меркел, а тоа го излудува

Мери Трамп вели дека ја објавила книгата за да им пружи на американските граѓани важни информации пред изборите наесен, информации кои ги немале пред изборите во 2016 година.

Во сега веќе познатата книга „Премногу и никогаш доволно – како моите роднини го создадоа најопасниот човек на светот“ вниката на американскиот претседател Доналд Трамп жестоко се пресметува со својот стрико.

Меѓу другото, открива дека во основа на проблематичниот однос на Трамп кон Германија е фактот што Ангела Меркел е поинтелегентна од него.

– На интелектуален план таа жена со леснотија би го победила, изјави Мери Трамп пред објавувањето на книгата во Германија.

– Мислам дека тоа не може да го поднесе. Тоа го излудува.

Втора причина е што Ангела Меркел е силна жена.

– Доналд не се снаоѓа добро со силни жени.

Мери Трамп вели дека ја објавила книгата за да им пружи на американските граѓани важни информации пред изборите наесен, информации кои ги немале пред изборите во 2016 година.

Книгата на Мери Трамп на 14 јули е објавена во САД Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

– Без оглед на тоа кого ќе изберат во ноември, сега повеќе не можат да кажат: „Знаете, не го знаев тоа, не знаев дека го направил тоа“, изјави Мери Трамп.

Мери Трамп, инаку клинички психолог, наведува во книгата дека однесувањето на Трамп кое „се заканува по светското здравје, економската безбедност и општествениот поредок“ е обликувано во детството

Трамп сака да ја казни Германија

Откако е избран на претседателската функција, Доналд Трамп многу често носи недипломатски одлуки, дисонантни со политиката на традиционалните сојузници на Америка, оценува Си Ен Ен.

Оваа телевизиска мрежа во коментар укажува дека Трамп повторно „невнимателно загрози една традиционална сојузничка политичка врска“, кога најави план за повлекување на речиси 12.000 американски војници од Германија.

Со овој чин Трамп ја прекина повеќедецениската посветеност на соработка и партнерство меѓу САД и Германија, која некогашните смртни непријатели успеа да ги претвори во сојузници.

Судејќи според објавите на Трамп на социјалните мрежи, тој всушност сака да ја казни Германија, наведува Си Ен Ен.