Внукот на Али Ахмети обвини дека ДУИ направија милиони: Еден шофер има куќа од милион долари! Ќе презентира и докази

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Кичево на изминатите избори, воедно и внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Фатмир Лимани во „Kлик плус“ на ТВ21 истакна дека членови, односно тесната структура на ДУИ направиле милиони, а во наредниот период ќе презентира и докази.

– Како може еден шофер да има куќа од милион долари, рече Лимани.

Меѓу другото, претходно го обвини и лидерот на ДУИ Али Ахмети дека е диктатор кој е 20 години на власт.

– Никаде во Европа нема таков пример, рече Лимани.

Како што е познато пред извесно време, односно по локалните избори Лимани одлучи да се приклучи на Беса.