Габриел Бајрам, син на Амди Бајрам на својот профил на Фејсбук му го честиташе роденденот на својот син, кому му подари „Порше“ и му порача да се заколне во џамија дека нема да вози над 150 километри на час.
„Сине мој, слико моја, наследнику на тато, гордост татина,
Денес ти е роденден и сите сме радосни исто како и кога си се родил пред 20 години.
Отсекогаш го имаше карактерот и храброста на тато,
Те израснавме со љубов но и со грижа да не ти се случи нешто. Знаеш дека твојата желба за нас, отсекогаш била заповед. Дека твоето барање за нас беше наредба.
Сине наш, знаеме што сонуваш и знам што отсекогаш си посакал. За тебе, тато се ќе даде па дури и душата своја, дури и очите, дури и срцето…. но сепак, толку те сакам што не сакам да ти се случи било што, сакам да те заштитам.
За овој 20-ти роденден, ти купив два подароци, ама само еден ќе ти дадам. Кој? Самиот ти ќе бираш. И двата ти се од срце, но сепак, едниот е без услов, а вториот е со услов.
Едниот подарок е твој и клучевите ти ги даваме веднаш и сега!
Вториот подарок е со услов и се зависи од тебе, а сведок сакаме да е Алах.
Знам дека го посакуваш, знам дека ти е при срце, ама ете…
Сине се плашам за тебе.. премногу и затоа сакаме да ни ветиш нешто, и тоа пред Господ да се заколнеш во џамија:
- Нема да возиш повеќе од 150 на час
- Ќе возиш внимателно и ќе пазиш на секое твое движење
- Ќе го чуваш и негуваш, бидејќи е твој и ничиј друг
- Ќе го почитуваш дадениот збор
Сега ти бираш, или подарок без услов, или подарок со услов. Клучевите се твои, изборот е твој“, пишува во објавата на Фејсбук.