Внукот на Ченто: Нема да дозволиме некој од надвор да не уценува (ВИДЕО)

Добровечер патриоти, добровечер за сите оние граѓани кои ја сакаат Македонија унитарна и со еден службен јазик-Македонскиот. Кога ве гледам сите вас како од ден на ден сите заедно сплотени се собираме со една единствена цел, кога ве гледам сите заедно без обзир на политичката определба и националност и дека нас не има се повеќе и повеќе во срцето вербата ми станува дека ќе се избориме за нашиот пат и ќе ја оствариме нашата цел, порача вечерва од Прилеп внукот на Методија Ченто, Јане Ченто.

-Ќе ја вратиме нашата Македонија на правиот пат во земја во која ќе живееме сите мирољубиво, во земја во која ќе се расправа за заеднички платформи, за просперитет, за напредок, за економски раст, за благодети што ги пружа животот, како на нашите деца да им пружиме поубав живот, а не да се надмудруваме и да се делиме на вие и ние, со некои платформи кои сакаат да го уништат темелот на Република Македонија. Ние нема да дозволиме други да ни ја кројат државата и некој од надвор да не уценуваат со некој нивни платформи со кои сакаат да ни ја свиткаат кичмата и во сопствената земја да останеме граѓани од втор ред, истакна Ченто.

Тој исто така вели и дека сега сме тргнати на пат од кој нема назад без да ја постигнеме својата цел и никогаш нема да дозволиме на предавниците да ни ја газат татковината пробувајќи да ни наметнат втор службен јазик, промена на име, химна, како и промена на банкноти.