Послениот француски борец во Втората светска војна, Убер Жермен почина на 101-годинашна возраст, објави во вторникот француската министерка за војската, Флоранс Парли.
„Би сакала да ве информирам дека почина Убер Жермен, напшиот последен жив Пријател на Ослободувањето. Тоа е важен момент за нашата историја“, изјави Парли во Сенатот.
Творецот на Слободните француски сили (FFL)|, генералот и подоцна француски претседател Шарл де Гол го основа Редот на Ослободувањето во ноември 1940 година за да ги наградува „лицата или воени и цивилни заедници кои ќе се истакнат во ослободувањето на Франција и нејзиното царство“. Подоцна го одликува Жермен со орденот Пријател на Ослободувањето.
Последните воени другари, кои се истакнале со раното ангажирање во слободна Франција, заминуваа едне по друг во текот на последната деценија. Само 1.38 луѓе, меѓу кои шест жени, ја примија титулата Пријатело на Ослободувањето.
Убер Жермен ќе биде погребан во Мон-Валериен, близу престолнината Париз, локација на коајшто се погубувани борците на отпорот во Втората светска воја кој стана централен меморијален комплекс. Претседателот Емануел Макрон ќе ја продводи церемонијата на 11-ти ноември кај Триумфалната порта и во Мон-Валериен.
Поранешниот деголистички пратенмик и министер во текот на мандатот на претседатело Жорж Помпиду, од 1969 до 1974 година, Убер Жермен на 6-ти август го прослави 101-от роденден.