Наместо на плоштадот „Македонија“, оваа година традиционалната „Априлијада“ ќе се одржи на несекојдневен начин поради пандемијата на коронавирус и забраната за собири на јавни места. Според градските власти таа ќе се реализира онлајн на официјалниот Фејсбук профил на Детскиот културен центар (ДКЦ) „Карпош“, а стримот во живо е најаван за 12 часот.
– Во овие услови во кои смеењето ни е најпотребно, за првпат на несекојдневен начин ја организираме градската „Априлијада“. Ве покануваме да ни се придружите на овој настан што ќе се реализира на Фејсбук страницата на ДКЦ „Карпош“ со live stream со почеток во 12 часот. Смеењето е здравје, а здравјето ни е најпотребно во моментот“ – се вели во пораката од ДКЦ „Карпош“.
ДКЦ „Карпош“ информираат дека покрај преносот, ќе биде објавен и телефонски број на кој ќе може дечињата да се вклучат во живо, а и ги повикуваат сите да бидат маскирани.