Сопственикот на Формула 1, Берни Еклстоун и шефовите на тимовите во Бахреин одржаа состанок на кој е постигнат начелен договор за правилата кои треба да се имплементираат од 2017 година.
Според нив, моторите ќе останат В6, но протокот на горивата ќе биде зголемен на 1.000 КС. Што се однесува до аеродинамиката, таа ќе биде поедноставена поради што болидите би требало да бидат поубави, но потешки за возење.
“Правилата ќе се менуваат, договор е постигнат. Болидите мора да бидат побрзи, трките поспектакуларни. Реално е да се очекува промена на шасиите, а не се исклучени ниту промени во моторот”, изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф кој беше најголема пречки за новите правила.
Еклстоун навести две работи кои ќе мораат да се случат.
“Сите кои ќе работат на новиот мотор, ќе мораат да го надградат на 1.000 КС, а потоа таквата погонска единица по пристапна цена да ја испорачаат до својот клиент”, најави тој.