Бројот на загинати луѓе од големи несреќи на патнички авиони се искачи на 299 во 2020 година, и покрај падот на летовите поради пандемијата на коронавирусот, соопшти холандска консултантска компанија.
Во изминатата година се случија 40 големи несреќи на патнички авиони, од кои пет беа фатални, што доведе до 299 жртви. Во 2019 година имало речиси двојно повеќе несреќи (86), од кои 8 биле фатални. Тогаш загинале 257 лица, забележува компанијата To70.
Во 2020 година имало по 0,27 фатални несреќи на милион летови или една фатална несреќа на секои 3,7 милиони летови, во споредба со 0,18 фатални несреќи на милиони летови во 2019 година.
Повеќе од половина од сите загинати во истражувањето To70 се 176 жртви на несреќата во јануари 2020 година, кога беше соборен украински авион во иранскиот воздушен простор. Вториот најсмртоносен инцидент беше несреќата во Пакистан во мај, во која загинаа 98 лица.
Во последните две децении, драматично опадна бројот на загинати во авионски несреќи. Во 2005 година, беа пријавени 1.015 несреќи низ целиот свет. Во последните пет години имало во просек 14 фатални несреќи, што доведува до 345 смртни случаи годишно. Најбезбедна за авијацијата беше 2017 година, кога имаше само две кобни несреќи со 13 жртви.