
Педесет новинари и медиумски работници се убиеи поради нивната професија во 2020 година, повеќето во земјите кои не се во војна, соопшто во вторникот организацијата Репортери без граници (Reporters sans frontières -RSF).
Оваа бројка покажува дека се зголемува бројот на убиените новинари кои ги истражуваат организираниот криминал, крупицијата или еколошките прашања, наведуваат од RSF. Особено ги истакнуваат убиствата на новинари во Мексико, Индија и Пакистан.
Дури 84 отсто од убиение годинава биле цел поради својата работа наведуваат од RSF во својот годишен извештај, во споредба со 63 отсто минатата 2019 година.
„Веќе неколку години RSF забележуваат дека истражувачките новинари навистина се на наишанот на државите или картелит“, вели шефицата на организацијата, Полен Адес-Мевел.
Мексико со осум убиени новинари е земјата на врвот на црната листа во светот.
„Врските меѓу криумчарите на дроги и политичарите остануваат и натаму, а новинарите кои ќе се осмелат да известуваат за овие или случни прашања и натаму се цел на варватски убства“, се додава во извештајот.
Ниедон од убиствата на медиумски работник во Мексико сѐ уште не е казнето, додаваат од RSF кој од 1995 годиан собира годишни извештаи за насилството врз новинарите ширум светот.
Пет новинари се убиени во Авганистан каде што се води војна, се додава во извештајот и се апострофираат насочените напади во оваа земја врз медиумски работници последните месеци, дури и додека се водат мировните преговори меѓу владата и талибаните.
Во извештајот на RSF, исто така, се истакнува и случајот на иранскиот активист и противник на владата во Техеран, Рухолах Зам, кој водеше популарен канал ‘Amadnews’ на социјалните мрежи, основан 2015 година. Тој беше погубен на 12-ти декември со бесење откако беше осуден за поттикнување на немирите во 2017 година за време на антивладините протести во кои имаше жртви.
„Неговата егзекуција потврдува дека Иран е земја која официјално убила најмногу новинари во изминатите половина век“, се наведува во извештајот.
Притисок во време на пандемија
Адес-Мевел вели дека, исто така, RSF забележале тренд на насилтво над медиумските работници кои ги следат протестите, особено антирасистичките во САД и во Франција против спорниот нов закон за безбедноста.
Вкупниот број убиени новинарии во 2020 година е помал од 53-те пријавени случаи во 2019 година, но од RSF истакнуваат дека годинава помалку новинари работеле на тереен поради пандемијата на коронавирусот.
Во првиот дел од извештајот, објавен претходно во декември, RSF наведоа дека се загрижени што мерките кои владите ги наметнале во борбата против пандемијата придонеле за „значителен раст во кршењето на слободите на медиумите“.
Се наведува листата од 387 затворени новинари, што според оцената на RSF e „историски голема бројка“. Од нив 14 се уапсени поради известување за пандемијата на коронавирусот, се додава во извештајот.