Во Африка над 3,5 милиони случаи на коронавирусот

Повеќе од 20.000 новозаразени случаи на коронавирус беа потврдени на африканскиот континент во изминатото деноноќие, а од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 3,5 милиони инфицирани лица, соопшти огранокот на Светската здравствена организација за Африка.

Вкупно 3.516.216 случаи на Ковид-19 се потврдени во Африка, а вкупно 88.972 лица починале како последица на вирусот.

Јужноафриканската Република и Египет имаат најголем број потврдени случаи и најголем број починати пациенти.

(МИА)