Во источна Африка се појави уште еден смртоносен вирус, поопасен и од еболата која досега усмрти повеќе од 3 илјади луѓе.
Станува збор за Марбуршката хеморагична треска која прв пат се појавила и ја зела првата жртва во 1967. Година.
Во болницата Менго во Уганда починал 30 годишен работик. Неговата смрт освен што крена паника кај властите во оваа држава, ги крена на нозе и здравствените институции во соседните земји.
Откако тестовите покажале дека марбуршката треска била причина за неговата смрт, во карантин се наоѓаат околу 150 лица, од кои 11 имаат симптоми на вирус со висока стапка на смртност. Сите граѓани кои од Кенија и Судар патуваат за Уганда се под строга контрола.
Од 31 лице, колку што биле заразени во 60 – те години во три европски градови, седум од нив починале. Изворот на вирусот биле зелените мајмуни од Африка, кои германскиот институт и Институтот Торлак ги користеле за лабораториски истражувања. Од тогаш, светот бил погоден од неколку бранови на епидемии, а лек се уште не е пронајден.
-Вирусот Марбург е многу опасен, а кај поголем дел од заболените резултира со смрт. Симптомите се треска, повраќање, дијареа и внатрешно крварење – како и кај еболата, изјавил извор од Светската здравствена организација.
На листата на десет најопасни вируси на “Дојче веле”, марбуршката треска е на прво место, и тоа поради фактот дека стапката на смртност надминува и до 90 отсто. Како и кај еболата, така и овде, вирусот се пренесува од животните, а потоа се шири преку контакт со заболените и преку телесни течности.
Најголема епидемија на марбуршката треска:
1998 година: 154 заболени, 128 умреле
2004 година: 252 заболени, 227 умреле