Ноќта од петокот кон саботата (15/16.09.2023) во периодот од 23,30 до 2,10 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола во угостителски објекти, при што во еден објект во Битола затекнати се 50 малолетници по полноќ, од кои 18 консумирале алкохол.
Тие се предадени на нивните родители, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.
Во петокот вечерта во 22м15 часот полициски службеници од СВР Битола во угостителски објект во Битола ги лишиле од слобода Л.К. на 31 од Скопје и В.М. на 22 годиони од Битола, кај кои е пронајдена бела прашкаста материја.
Ноќта кон саботата, пак, во периодот од 00,00 до 4,00 часот на подрачје на Прилеп спроведена е акциска контрола во угостителски објекти при што во угостителски објект во Прилеп затекнато е едно малолетно лице по полноќ, кое е предадено на родителите, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.