Во Албанија регистрирани се нови 17 случаи позитивни на Ковид-19 со што вкупната бројка се зголеми на 400.
„Во последното деноноќие тестирани се 236 сомнителни случаи,при што позитивни резултати се потврдени кај 17 лица. До денес вкупно тестирани се 2.989 лица, а Ковид-19 е дијагностициран кај 400 од нив. Битката со оваа болест ја изгубија 22 лица, а се излекуваани 154, соопши Министерстото за здравтсво и социјална заштита.
Според истиот извор во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 58 пациенти, од нив 10 се на интензивна терапија,додека четворица се интубирани.
Министерството апелира до граѓаните и понатаму строго да ги почитуваат мерките и препораките,посебно одржување социјална дистанца, избегнување групни собирања и како и домашни посети.
Намалениот број заразени последните денови според премиерот Еди Рама доаѓа благодарение на засилените мерки и отпорот на граѓаните.
Во објава на Фејсбук додава дека ова е индикација дека се прави вистинската работа и ако продолжи вака, според Рама, Алабанија ќе излезе победник многу побрзо од другите земји.