Албанија забрани увоз на свињи, месо и нивни производи од Македонија. Тоа е затоа што во соседната земја се откриени случаи на заразени со болеста „африканска чума“, јави Ора њуз.
Но, во случаите во кои со сертификати се докаже дека свињите или нивното месо и производи од свинско месо, не се заразени, тогаш ќе биде дозволен нивен увоз.
Одлуката ја донесе Министерството за земјоделство и рурален развој, на неопределено време.