![testiranje koronavirus kovid-19](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/testiranje-koronavirus-kovid-19.jpg?resize=645%2C430&ssl=1)
Летната сезона и доаѓањето на голем број на туристи во Албанија ги зголемија случаите на корона-вирусот, пренесува А2 Си Ен Ен. Само во последната недела во Албанија се направени 2.000 тестови за Ковид-19, а речиси половина од нив се позитивни. Пациентите со денови се соочуваат со вртоглавица, болки во грлото, треска и замор.
Доколку пациентите ги почувствуваат овие симптоми матичните лекари во Албанија препорачуваат брз тест за Ковид. Велат дека оваа недела 40% од пациентите кои го направиле брзиот тест биле позитивни на Ковид-19.
Враќањето на децата на училиште и температурните промени се очекува да ги зголемат случаите на Ковид, покрај другите вируси. Но, лекарите велат дека ситуацијата не е загрижувачка. Ковид-19 ја намали својата агресивност и болеста во оваа сезона наликува на блага состојба на грип.