
„Алармантна е бројката на заразени од оваа болест. Официјалната статистика потврдува дека вкупниот број заразени од оваа болест изнесува 984 лица, но се смета дека бројката е поголема и таа е над 1.400 лица“, јави тиранската телеизија Топ чанел.
Од година во година бројот на заразените е во постојан раст. Така во 2011 година биле регистрирани 55, следната, 2012 година 72, додека во 2014 – 120 лица.
Според Клодијан Репај, заменик министер за здравство најпогодена е машката популација.
Сексуалните односи без заштита се главната причина за пренос на вирусот. односно 90 отсто од инфицираните се на овој начин. Но проблематично и понатаму е ширењето помеѓу корисниците на дрога со инјектирање, чиј број е 6.500 лица.
На меѓународниот ден за борба против ХИВ, први декември, заменик министерот за здравствоРепај, како многу значајно го оцени отворањето на 14 советодавни центри и доброволно тестирање, како форма на превенција.
Првиот случај на заразен од ХИВ/СИДА во Албанија е регистриран во 1993 година, од кога од оваа болест починале околу 150 лица.