Биолаборатории создадени и финансирани од САД во Украина експериментирале со коронавирусот кај лилјаците, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.
„Како што покажуваат документите, во биолобораториите создадени и финансирани во Украина, се спроведувале експерименти со примероци од коронавирусот кај лилјаци“, истакна Конашенков во четвртокот на редовниот брифинг со новинарите.
Посочи дека од особен интерес претставуваат деталните информации за реализацијата на проектот од страна на САД за проучување на пренесувањето на патогени кај дивите птици кои мигрираат меѓу Украина, Русија и другите соседни земји.
Како што истакна Конашенков, според документите до кои дошле руските сили од украински извори, американската страна планирала да ги проучува патогените кај птиците, лилјаците и рептилите и можноста овие животни да пренесуваат африканска свинска чума и антракс.
„Целта на овие и други биолошки истражувања финансирани од Пентагон во Украина била да се создаде механизам за прикриено распоространување на смртоносни патогени“, додаде портпаролот на руското министерство за одбрана.
Претходно во средата, одговарајќи на повеќето обвинувања од Русија, американскиот Стејт департмент објави дека САД немаат лаборатории во Украина. Во Украина постојат капацитет за биолошки истражувања а Киев и Вашингтон сега работата на тоа да спречат материјалите кои се собрани таму да паднат во рацете на руските сили, изјави американската заменик државен секретар Викторија Нуланд во вторникот на сослушувањето во Сенатот.