Во Англија црвен картон за искашлување кон противникот или судијата

Англиската фудбалска федерација (FA) одлучи во новиот правилник да вгради одредба намерното искашлување во насока на противникот или судијата да се казнува со црвен картон, односно со исклучување од игра, објави во понеделникот лондонски The Times.

Со обемниот документ, кој веќе стапи на сила, на фудбалските арбитри им се даваат упатства како да постапуваат во одредени ситуации додека на сила се епидемиолошките мерки за заштита од ширењето на заразата со новиот коронавирус.

Новиот правилник ќе биде применуван на натпреварите од сите нивоа во Англија, а со нив се израмнува чинот на удирање на противничкиот играч или на судијата со намерно кашлање кон нив. Во двата случаи таквата постапка се казнува со директен црвен картон, односно исклучување.

Арбитрите ќе може да ги казнуваат играчите кои не се придржуваат на одредбата за одржување на физичкото растојание, на пример прергнуваата при прославување погодок.