Јапонската компанија „Mitsubishi Chemical“ објави дека направила пластични кеси коишто можаат да се разложат во морска вода, пренесе јавниот телевизиски сервис NHK.
Кесите се направени од материјал во чијшто состав особено доминира шеќерната трска. На допир овие кеси по ништо нема да се разликуваат од вообичаените пластични кеси кои се во употрена денес.
Компанијата во моментов се подготува за почнување на масовното производство на својот еколошки изум. Цената на една кеса би била меѓу 12 и 50 јени, односно 11 до 47 центи од доларот, во зависност од големината, што е за околу шест пати повисока од цените на обичните пластични кеси.
Исто така, компанијата соопшти дека се надева оти нејзината иновација ќе помогне во справувањето со загадувањето на морињата и океаните со пластичен отпад.
Во намерата населението да се одврати од користењето на пластичните кеси, во Јапонија од почетокот на месецов започнаа да се наплаќаат. Голем број продавници започнаа да нудат бесплатно кеси направени од биоразградливи материи, но повеќето им сугерираат на купувачите да си носат свои платнени торби за повеќекратна употреба.