Јапонската фармацевтска корпорација „Nobelpharma“ следната 2023 година може да ги започне клиничките испитувања на вакцина против коронавирусот SARS-CoV-2, којашто би можела да обезбеди доживотен имунитет на патогенот на коронавирусната болест Covid-19, пишува весникот Japan Times.
На развојот на новиот медицински препарат работата група научници од Институот за медицински науки во Токио под раководство на професорот Митинори Кохара. Како основа ја земале вакцината против сипаници, развиена во XVIII век во Велика Британија а користена во Јапонија до 1976 година. Идејата на истражувачите е да го воведат шилестиот „S“ протеинот на коронавирусот SARS-CoV-2 во рекомбинантниот вирус на вакцинија (vaccinia virus, VACV).
Во експериментите на глувци, научниците го користеле генот за високо патогениот птичји гин. Резултатите покажуваат дека по 20 месеци, вакцинирираните имаат високо ниво на антитела, можеле да преживеат и по воведувањето на вирусот. Истовремено, сите невакцинирани глувци пцовисале. Во написот се наведува дека 20 месец е приближниот просечен век на глодарите.
„Карактеристиките на оваа вакцина покажаа дека може да го поттикне создавањето антитела и да обезбеди доживотен имунитет. Една доза е ефикасна повеќе од 20 месеци, ниту една друга вакцина нема сличен ефект“, вели Кохата во интервјуто за весникот.
Дополнително, прототип на вакцината против коронавирусот тестиран на макаки мајмуните ги заштитил приматите од развој на пневмонија, а концентрацијата на вирусот во нивните бели дробови било под нивото, што се открива и по седум дена по инфекцијата.
Во моментов компанијата „Nobelpharma Co“ очекува дека приближно во 2023 година да ги спроведе првата и втората фаза на клиничките испитувања на развојот на вакцината во кои ќе учествуваат од 150 до 200 волонтери, меѓу кои и лица кои прележале од Covid-19 и кои биле целосно вакцинирани со другите вакцини. За третата фаза од клиничките испитувања, засега се проценува дека ќе бидат потребни дополнителни инвестиции.
Покрај долготрајниот имунолошки одговор, новата вакцина има уште една голема предност – може да се чува на суво долго време на собна температурата, вели професорот Кохара.