Во полициската акција во Арачиново, пронајдена е само дел од украдените два двата тони марихуана од склад во селото Јосифово. Неофицијално, запленети биле само 400 килограми, а останатите 1,6 тони исчезнале?!
Засега шест лица се осомничени за грабежот, а дел од нив се уапсени.
„По добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и по добиени сознанија извршени се низа претреси во Арачиново, Горно Мојанци, како и други локации, при што е пронајден дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените. За случајот до сега се осомничени шест лица и за нив се обезбедени докази. Истрагата продолжува и се проширува. Во координација со обвинителството од Гевгелија, преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, рече портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.