Во Атина пронајден куфер со 149 молотови коктели

коктели

Куферот бил пронајден во рамките на обема полициска акција која била спроведена поради претстојното одбележување на годишнината од смртта на Александрос Григоропулос кој на 6 декемви 2008 година, на 15 годишна возраст беше застрелан од полицијата, што предизвика масовни немири. Од тогаш, секоја година во спомен на момчето, се одржуваат демонстрации во кои често доаѓа до судир со полицијата.

Пронајдените гранати се однесени во форензичка лабораторија, за да се утврди дали на нив има отпечатоци.