Во Авганистан со експлозија започнаа претседателските избори

Во Авганистан во саботата утрото започна гласањето за избор на нов претседател, а регистрирани се повеќе од 9 милиони гласачи. Најмалку 15 луѓе се настрадани во екслозија на избирачко место во Кандахар на југот од земјата, јавува AFP повикувајќи се на болнички извори.

Сите настрадани се мажи. Станува збор за првиот сериозен инцидент од апочнувањето на гласањето на изборите.

Агенциите наведуваат дека десетиции илјади припадници на авганистанските безбедносни сили се распоредени во 34-те провинции на земјата, за да ги заштитат гласачите и избирачките места од талибаните. Радикалната исламистичка група им се закани на Авганистанците да ги избегнуваат гласачките места или ќе се соочат со тешки последици.

Право на глас имаат 9,6 милиони регистрирани гласачи, меѓу кои се и 3,3 милиони жени, но голем број од гласачките места нема да бидат во функција, поради талибанските закани со напади со цел да се спречи одржувањето на изборите.

Талибаните изборите ги прогласија за „заговор на окупаторите“ на Авганистан за да ја консолидираат својата моќ. Исламските милитанти во повеќе наврати предупредија дека ќе ги напаѓаат избирачките места и безбедносните сили кои ќе бидат распоредени во текот на одржувањето на изборите. Истовремено, поради талибанските закани, соседен Пакистан во петокот ги затвори сите гранични премино со Авганистан.

Независната изборна комисија е загрижена и поради можните изборни измами, па затоа објави дека за регистрација на гласачите ќе користи биометриски систем.

Гласачите ќе можат да избираат еден од 18-те кандидати на листата за претседатели, но само двајца ќе имаат шанси да бидат избрани на чело на државата. Тоа се претседателот на заминување Ашраф Гани и претседателот на Извршниот советр, Абдула Абдула, двојка која ја водеше земјата изминатите пет години во авганистанската влада на национално единство. Според анкетите, во водство е Абдула, а доколку ниеден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, ќе се спроведе вториот круг. Ова се четвртти претседателски избори во Авганистан по соборувањето на талибанскиот режим во 2001 година со меѓународната инвазија предводена од САД, чии прелиминарни резултати ќе бидат објавини на 19-ти октомври, а конечните резултати на 7-ми ноември.