Во август и јули во Охрид УЈП казнила 20 фирми

Од Управата за јавни приходи информираат дека во рамките на редовните активности во месеците јули и август 2014 година на целата територија на Охрид се извршени повеќе од 100 контроли по однос на примената на Законот за готовинско плаќање, јавува Охридњуз.

– Кај 20 даночни обврзници утврдени се направилности во работењето, односно нередовно издавање на фискални сметки, потенцираат од УЈП.

На истите им биле изречени глоби и дадени решенија за времена забрана за вршење на дејност во деловните објекти во траење од 15 дена.