Во август за 4,7 отсто повеќе странски туристи

Државава во август годинава ја посетиле 216.321 турист, а се реализирани 904.740 ноќевања, што споредено со август лани, е зголемување за 2,2 процента, односно 2,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најбројни се туристите од Холандија, Хрватска, Шпанија,Израел, Австралија и САД.
Бројот на домашните туристи во август годинава во однос на истиот месец минатата година, е зголемен за 0,1 отсто, а на странските за 4,7 отсто. Кај домашните туристи има за 0,9 отсто повеќе ноќевања, а кај странските за 7,4 отсто.
Во периодот јануари – август годинава во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,1 отсто, кај домашните за 1,3 проценти, а кај странските за 2,7 проценти. Кај ноќевањата зголемувањето изнесува 1,5 отсто, при што кај домашните 0,3 отсто, а кај странските 3,2 отсто.