Вчера беше најтоплиот ден во Австралија откако се води статистика. Просечните температури во земјата беа 40,9 степени Целзиусови, соопшти денеска австралиската Метеоролошка служба.
Претходниот рекорд беше во јануари 2013 година кога беа измерени просечни 40,3 степени Целзиусови.
Вчера, најжешкото место во Австралија беше Седуна, во јужниот дел на земјата, со температура од 46,5 степени Целзиусови. Сепак, според овој индикатор (најжешкото место во земјата за еден ден), рекордот не е урнат и најжешкото место во Австралија, откако се води статистика, сѐ уште е градчето Едем во јужниот дел на земјата, каде на 2 јануари 1960 година биле измерени 50,7 степени Целзиусови.
Метеоролозите за тоа место сега прогнозираат температури до 47 степени за наредните три дена.
Се очекува температурите во долината Оук во Југозападна Австралија утре да достигнат 49 степени.