Првиот случај на зараза со ткн ламбда варијанта на коронавирусот, првпат идендификувана во Перу, е регистриран во Австрија, пренесува во петокот телевизијата ORF повикувајќи се на локалните здравствени власти.
Според информацијата, вирусот бил идентификуван кај перуански државјанин, кој допатувал во Австрија во посета на пријатели. Симптомите кај него се појавиле во текот на патувањето, а пота тестот го потврдил присуството на коронавирусот. Мажот веќе се опоравил, а во моментов не се идентификувани нови случаи на зараза со овој сој на SARS-CoV-2.
Ламбда варијантата на коронавирусот првпат беше идентификувана во Пери кон крајот на 2020 година. Во јули годинава Светската здравствена организација (СЗО – WHO) објави дека ширењето на овој сој е потврдено во повеќе од 30 земји, главно во Јужна и во Северна Америка.
На крајот од јуни годинава во Велика Британија беа регистрирани случаи на зараза со ламба варијантата на коронавирусот/
Се претпоставува дека оваа варијанта на причинителот на коронаинфекцијата содржи неколку мутации на ткн „S“ односно „шилестиот“ протенин што влијае на степенот на заразноста на вирусот. Досега научниците немаат докази дека новиот сој предизвикува потешка форма на коронавирусната болест Covid-19 или дека ги ослабува дејството на вакцините.
Сепак, здравствените стручњаци пепорачуваат да се обрне внимание на симптомите, како што се високата температура, постојаното кашлање или промените во осетите за мирис и вкус.
Досега се идентификувни четирите епидемиски најопасните мутации на SARS-CoV-2: алфа (или британскиот сој – B.1.1.7), бета (јужноафриканскиот сој – B.1.351), гама (бразилскиот сој – P.1) и делта (индискиот сој – B.1.617.2).
Кон крајот на јуни, властите на индиската сојузна држава Махараштра објави дека тамошните научници ја идентификувале ткн „делта плус“ варијанта (B.1.617.2.1). Таа се разликува со присуството на мутацијата K417N во „S“-протеино, којашто може да ја намали активниста на серумот и антителата кај оздравените од Covid-19, како и кај вакцинираните.