Сметките за централно парно греење во Австрија годинава ќе се зголеми во просек за 50 отсто, се наведува во прилогот со истражувањето на весникот Kleine Zeitung.
Се наведува дека во главниот град Виена цената на централното греење „ќе биде удвоена есенва“. Истовремено, цената за оваа услуга за околу 100.000 домаќинства во сојузната покраина Штаерска ќе се зголеми за 65 отсто, се наведува во прилогот на весникот.
Од компанијата „Kelag Energie & Wärme“ главниот испорачувач на енергијата во сојузната покраина Корушка, изјавиле за весникот дека „сметките на потрошувачите за 2022 година ќе бидат за 20 до 40 отсто повисоки отколку во 2021 година“.
Австрија ќе ја „преживее зимата“ среде енергетската криза во Европската унија, но „можеби ќе има помалку греење“, изјави претходно во интервјуто за Kronen Zeitung австрискиот претседател Александер Ван дер Белен. Шефот на државата додава дека изгледите на економијата на земјата да се справи со енергетската криза ги оценува „со внимателен оптимизам“.
Претходно челникот на десничарската националистичка Слободарска партија (FPÖ), Херберт Кикл ја обвини австриската влада дека ја крие вистината од граѓаните. Според него, Австрија нема да може да се откаже од нафтата и гасот од Русија на долг период, зашто на кус рок планот за промена на насоките на набавките и структурата на енергетскиот пазар „сето тоа се желби изграден врз песок“. Кикл додаде дека Европа, во заднината на откажувањето од руските енергенси, се соочува со „најголемата економска катастрофа од Втората светска војна“.
Кон средината на септември во областа на главниот град Виена и во другите региони на Австрија се одржаа масовни протести организирани од синдикатите. Демонстрантите побараа од властите решителни чекори во борбата против инфлацијата и поскапувањата на енергенсите.