
Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени кога патнички автобус удрил во мост во областа Полатли, округот на Анкара, јавија турските медиуми.
Автобусот удрил во колона под мостот околу 5:00 часот по локално време, во правец кон Ескишехир.
На местото на несреќата пристигнаа пожарникари, медицински и спасувачки екипи.
Гувернерот на регионот на Анкара, Васип Шахин, рече дека првичните информации укажуваат дека возачот заспал бидејќи нема индикации дека се обидел да закочи.