Во автомобил на „Деве Баир“ најдени пиротехнички средства

Околу 316 парчиња разновидни пиротехнички средства биле најдени во автомобил на граничниот премин „Деве Баир“.

Во средата околу 15.30 часот, на влез во Р Македонија од страна на полициски службеници во содејство со царинската служба бил извршен преглед во патничко возило „цитроен саксо“ управувано од Б.Ц.(59) од Скопје, а во кое биле и С.М.(51), Ѓ.Ц.(63) и М.Ц.(26), сите од Крива Паланка.

Во возилото пронајдени се 316 парчиња разновидни пиротехнички средства. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.