Руското министерство за надворешни работи соопшти во понеделникот дека ја повикало вршителката на должност во амбасада на Холандија во Москва во знак на протест поради шпионирање на руското воено аташе во Холандија.
На привремената холандска амбасадорка Доминик Бакер-Кулинг ѝ бил „вложен остар протест“ поради откривањето на „опрема за шпионирање во службениот автомобил на руското воено аташе“ во Хаг, се наведува во соопштението на руската дипломатија.
На холандската дипломатка ѝ било „укажано на неоходноста од итно преземање исцрпни мерки за спречување на вакви инциденти, кои се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи“.
Од руското министерство за надвореши работи, исто така, искануваат дека ваквите „непријателски активности ги усложнуваат и онака веќе тешките билатерални односи“.
Холандскиот премиер Марк Руте одбил да го коментира инцидентот, пренесе холандската јавна телевизија.