Во Азија за вакцинирање против Covid-19 се нудат кокошки, крави и станови над милион долари

Премии во вид на кокошки, крави, платени отсуства од работното место, па дури и стан од милион долари, се награди кои Тајланд, Индонезија и Хонгконг им ги нудат на граѓаните доколу се вакцинираат против Covid-19.

Додека позаразниот ткн „индиски“ сој на коронавирусот последните седмици се шири низ југоисточна Азија, властите на повеќето земји се свртија кон наградувањето за да се надвладее недовербата на луѓето кон вакцините.

Така, во тајландскиот округ Мае Чаем на северот на земјата, каде што повеќето жители се сточари, властите очекуваат дека давањето крава ќе претставува вистински хит.

„Ово е најдобриот подарок кој некогаш сум го добил“, изјавил 65-годишниот Инкам Тионгкам кој по вакцинирањето станал горд сопственик на крава која чини 320 долари.

Во втората седмица од акцијата и со 27 подарени крави, локалните власти велат дека успеале на вакцинирање да привлечат повеќе од 50 отсто од 1.400 жители.

Од 66 милиони Тајланѓани, првата доза на вакцината ја примиле само 4,76 милиони, покажуваат официјалните податоци.

Во Хонгконг, каде пандемијата главно беше под контрола, властите се загрижени дека слабата вакцинираноста би можела да доведе до нов бран од епидемијата.

Ваучери за пазарења, авионски билети и нов стан во вредност од 1,4 милиони долари, се некои од поттикнувања за оние кои ќе се решат на имунизација.

Меѓутоа, еден приватен салон за фитнес и вежбање се решила на обратен пристап и на вработените кои не се вакцинираат нема да им плати бонуси, нема да ги унпаредуваат или нема да им ги зголемуваат платите.

Дури и во земјите коишто се тешко погодени од пандемијата, како што е Индонезија, властите се мачат како да го растераат стравот кај населението од вакцините.

„Се плашам да се вакцинирам, бидејќи би можел да умрам. А тогаш слушнав и прказни дека цакцината содржи делови од свиња“, вели Асеп Саепудин, 67-годишен на островот Јава.

Меѓу индонезиските муслимани, кои сочинуваат 85 отсто од населението, постојат сомневања дека вакцините не се „халал“, односно дека според исламот не се дозволени. Поради тоа, властите се свртија кон подарување на домашните животни, особено кокошки.

„Постарите луѓе велат дека нема да се вакцинираат поради различни причини, некои велат дека би сакале, но се плашат. Затоа ги наградуваме со кокошки“, изјави началникот на јаванската полиција Галих Апријан,

Податоците на министерството за здравство покажуваат дека вакцинирани се само 5 отсто или 8,8 милиони луѓе, е далеку помалку од планираните 181,5 милион до крајот на годинава.