Во банките годинава ќе има 73.400 откази, од нив 86 проценти се во Европа

Morgan Stanley ќе отпушти околу 1.500 вработени, пренесува Bloomberg. Тоа е околу два проценти од сите вработени во банката. Намалувањето било нешто повеќе од тоа што обично го прави банката на крајот на годината и ја одразува растечката неизвесност на изгледите за 2020 година, кога трговската војна, американските претседателски избори и Брегзит би можеле да го погодат работењето на банките.

Најголем дел од отпуштањата овој пат ќе го погодат секторот за технологија и операции на Morgan Stanley. Две лица запознаени со ситуацијата изјавиле за Financial Times дека банката не ги намалува вложувањата во технологијата и дека отпуштањата делумно го одразуваат фактот дека некои активности сега можат да се извршат поефикасно.

Оваа година, бројот на вработени во банките во целиот свет е веќе намален за 73.400, од кои 86 проценти се во Европа. Deutsche Bank најмногу ќе го намали бројот на вработените. До 2022 година, ќе остави 18.000 вработени без работа, од кои половината во Германија.