Во Белгија во неделата е пронајдено телото на одметнатиот војник осомничен за тероризам по кого безбедносните сили трагаа четири седмици, објави сојузното обвинителство во Брисел.
Телото на мажот го пронашол ловец во шума во близина на градот Дилсен-Стокем, во фламанската провинција Лимбург, соопшти белгиското федерално обвинителстство во информацијата за медиумите. Притоа се додава дека мажот е идентификуван како 46-годишниот Јурген Конингс
„Според прелиминарните податоци, причината за смртта е самоубиство… Овие податоци мора да бидат потврдени со резултатите од судско-медицинскиот преглед“, се додава во соопштението на обвинителство, кое го цитира локалната телевизиска станица RTBF.
Воениот инструктор Јирген Конингс, осомничен за „обид за убиство со терористичка заднина“, исчезна на 17-ти мај со застрашувачки арсенал оружја. Во автомобилот за кој се смета дека му припаѓал на осомничениот, полицијата пронашла „симнителни направи“, веројатно експлозивни направи и оружје со голема убиствена моќ.
Во писмениот брифинг за медиумите се наведува дека осомничениот го напуштил својот дом на 17-ти мај и заминал на должност, но оттогаш не е лоциран. Возилото на осомничениот било пронајдено во шумата недалеку од неговата куќа, а во него биле најдени и четири противтенковски фрлачи на гранати.
Во потрагата по него беа вклучени стотици припадници на војската и полицијата. Покрај тоа, белгиските власти по него распишаа и меѓународна потерница. Обвинителството претходно истакна дека личните карактеристики на Конингс, како и неговата воена обука ги принудиле властите сериозно да пристапат во потрагата по него.
Телото е пронајдено во областа каде што последен пат е забележан, пред еден месец, откако по него трагаа припадниците на специјалните единици откако упатил закани за најпознатиот белгиски виролог Марк Ван Ранст. Се веруваше дека Конингс, кој е опишува како краен десничар, планира напади врз државни институции, други јавни личности, како и врз верски објекти, во прв ред џамии. Покрај силните единици на теренот, во потрагата по Конингс безуспешно беа вклучени и хеликоптери.
Вирологор Марк ван Ранст во неделата за белгиската агенција Belga изјавил дека е олеснување тоа што Конингс е пронајден. Додал дека сѐ уште не знае кога тој и неговото семејство ќе излезат од безбедната куќа. Ван Ранст, инаку, беше жестоко критикуван од противниците на строгите епидеиолошки мерки воведени во пандемијата од коронавирусот.
Белгиските медиуми изминатиот период пишуваа дека бегалецот Конингс пред неговото исчезнување долго време бил под надзо на специјалните служби во врска со неговите екстремно десничкарски ставови, како и заканите коишто ги објавувал на интернет.
По исчезнувањето на Конингс, белгиското министерство за одбрана најави спроведување внатрешна истрага на воениот персонал кој пројавува симпатии кон десничарските екстремистички групи, и 11 лица веќе биле суспендирани. Министерката за одбрана Лудовин Дедондер изјави дека на овие воени лица им е забранет пристапот до складиштата со оружје, како и до најважните објекти на минисерството за одбрана.