Состанокот на европскиот разгранок на Трилатералната комисија, која често ја нарекуваат „светска влада во сенка“, почна денес во Белград со обраќање на претседателот за Европа и поранешен шеф на Европската централна банка Жан-Клод Трише и на премиерот на Србија Александар Вучиќ.
„Комисијата редовно ги разгледуваше прашањата за овој регион, каде што историјата донесе голем хаос. Регионот страда од „премногу историја а премалку разбирање“, рече тој илустрирајќи дека Белград во својата историја бил прегазен од 250 армии и повеќе од 40 пати бил „срамнет со земјата“.
„Слична е и ситуацијата и во регионот. На децата им должиме да не им оставиме вакво наследство“, додаде Ковачиќ.
Велејќи дека тоа мора да го направат сите заедно, Ковачиќ сликовито објасни дека е доволно добрите луѓе да не прават ништо, па злото да триумфира.
Европската група на Трилатералната комисија во почетокот ги опфаќаше државите-членки на тогашната Европска економска заедница. Како што се прошируваше оваа групација, со текот на времето, во Трилатералата влегуваа нови членки.
Србија е најмлада членка на Трилатералната комисија, од минатата година, и покрај Норвешка е единствена членка на Европската група што не е истовремено членка на ЕУ.