Во Белград уапсена 44-годишна жена која со клоци тепала полицајци

Р.Ј.(44) на 12 јануари е уапсен поради напад на службено лице во Обреновац. Како што дознава српски Телеграф, таа ги нападнала полицајците С.Н и С.Г и им нанела полесни физички повреди.

Осомничената ги удирала полициските службеници со клоци по глава и тело.

Полицијата од Обреновац во соработка со Основното јавно обвинителство Обреновац на 12 јануари ја привела Р.Ј и и одредиле мерка притвор до 48 часа.

Таа беше обвинета и за напад на службено лице при вршење на службена должност.