Во рамки на Берлинскиот процес во главниот град на Германија денеска ќе биде одржан состанок на министрите за надворешни работи на државите учесници во таа иницијатива.
Берлинскиот процес продолжи вчера со состанок на министрите за внатрешни работи на државите учеснички – осум членки на ЕУ, актуелниот претседавач со ЕУ како и претставници на ЕК, и државите ос Западен Балкан за борба против илегалната миграција, корупцијата и организираниот криминал.
В понеделник е планиран состанок на министрите за енергетика, а сите останати состаноци се подготовка за Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи на 3 ноември.