Времето денска е ведро и претежно тивко, а од утрово се зголемува облачноста од југозапад.
Најниска температура од – 3 Целзиусови степени е измерена во Берово и Лазарополе, нула во Крива Паланка и Попова Шапка, еден во Скопје-Петровец, Битола, Охрид, Крушево и Маврови Анови, два во Прилеп, Тетово, Струмица, Дебар и Претор, три во Куманово и Демир Капија, четири во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Гевгелија, пет во Виница и осум степени во Дојран.
Претпладне во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево, а во западните ќе се зголемува облачноста. Попладне ќе преовладува умерено до значително облачно со појава на повремен дожд во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Повремен дожд ќе се прошири преку ноќта и во останатите делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.