Во БиХ 187 новозаразени со коронавирусот

Нови 187 случаи на зараза со коронавирусот се потврдени во неделата во Босна и Херцеговина, известија ентитетските заводи за јавно здравство.

Лабораториите во Федерацијата БиХ тестирале само 398 примероци од кои 78 биле позитивин на коронавирусот, додека во Република Српска по тестирањето на 431 примерок заразата е утврдена во 109 случаи.

Претходно оваа седмица во БиХ на дневна основа имаше најмалку 300 а во еден ден дури и повеќе од 400 новозаразени, но од речиси двојно повеќе тестирани.

Властите на Република Српска од саботата пријавија и три смртни случаи поврзани со заразата, а станува збор од поширокото подрачје на Бања Лука, каде во саботата се потврдени 23 нови случаи. Во малото место Пале, крај Сараево, со околу 20.000 жители откриени се дури 27 новозаразени.

Најголемото жаритеште на епидемијата во БиХ и натаму е Сараевската жупанија каде што во изминатата 24 часа е откриен 61 нов случај. Најголемиот број го правата членови на семејства на лица кај кои инфекцијата е потврдена претходно.

Поради постојаното ширење на коронавирусот, властите на Сараевската жупанија најавуваат воведување нови рестриктивни мерки со кои би се ограничила можноста од физички контакт меѓу населението.