
Во Босна и Херцеговина во вторникот се потврдени 189 нови случаи на зараза со коронавирусот, што е двојно повеќе отколку во понеделникот но и значително помалку отколку кон крајот на минатата седмица кога дневните бројки на новозаразените беа поголеми од 300.
Ентитетските заводи за јавно здравство објавија дека во изминатите 24 часа се тестирани повеќе од 1.400 примероци, а заразата со коронавирусот е потврдена кај 139 лица од територијата на Федерацијата БиХ и уште кај 50 лица од Република Српска.
Од Заводот за јавно здравство на Република Српска потврдиле и дека од понеделникот во овој ентитет од последици на заразата со коронавирусот починале уште две лциа, а станува збор за повозрасни мажи од источна Херцеговина, односно централниот дел на БиХ.
Вкупниот број потврдени сличаи на заразата од појавата на коронавирусот во БиХ, сега изнесува 7.170 а на смртни случаи поврзани со оваа епидемија е 228 лица.