Речиси 37 отсто од граѓаните на Босна и Херцеговина не сакаат да се вакцинираат против Covid-19 стравувајќи од несакани последици, покажува онајн истражувањето објавено во екот на релативни високиот број новозаразени и почиати од последиците од болеста во земјата.
Агенцијата за општествени истражувања „Valicon“ ги претстави резултатите од анкетата спроведена на повеќе од 500 испитаници во периодот од 3-ти до 7-ми септември, според кои дури 187 од 509 анкетирани кои досега не се вакцинирани истакнуваат дека тоа не сакаат да го сторат и во иднина.
Тоа претставува околу 36,7 отсто од вкупно анкетираните. Според претходните податоци, во БиХ се вакцинира околу 30 отсто од популацијата.
Негативните последици се главната причина поради којашто граѓаните одбиваат да ја примат вакцината против коронавирусот. Истражувањето покажува дека речиси половината од антиваксерите, односно 46 отсто, стравуваат од последиците на вакцините, односно евентуалните нуспојави.
Значителен процент од дури 29 отсто ја навудуваат недовербата во вакцините против Covid-19, и воопѓшто вакцинирањето како причина за невакцинирањето.
На прашањето што поединците, кои сѐ уште не се вакцинирани против Covid-19 и немаат намера тоа да го сторат во иднина, би можело да ги поттикен да го променат ставот, за петтина од испитаниците тоа би било поголемата достапност до информацијата за безбеднсота на вакцините. Истовремено, 17 отсто би се вакцинирани само докулку би биле принудени.
Ова истражување покажало и дека во БиХ околу 51 отсто од населението се против воведувањето задолжително вакцинирање на полнолетните граѓани, 30 отсто ја подржуваат таа идеја, а 19 проценти немаат став по ова прашање.
Во последите 24 часа во БиХ потврдени се 905 новозаразени лица, а 30 пациенти починале од последиците поврзани со Covid-19.