Во Босна и Херцеговина во моментов престојуваат околу седум илјади илегални мигранти кои ја чекаат шансата да продолжат натаму кон Европската унија, а меѓу нив најбројни се државјани на Бангалдеш, потврди во средата шефот на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (IOM) во Сараево, Петер фан дер Ауверарт.
Во изјавата којашто на пренесува весникот Dnevni avaz, дер Ауверарт вели дека движењето на илегачните мигранти е засилено по укинувањето на ограничувањата претходно наметната поради епидемијата на коронавирусот, но појаснува дека не е само БоХ рутата преку која се обидуваат да минат од правецот на Србијам, бидејќи е зајакнат нивниот притисок и на Хрватска, Унгарија, како и врз Романија.
Мигрантите кои ќе влезат во БиХ не се задржуваат многу долго во земјата, и веднаш се обидуваат да го продолжат патувањето кон Хрватска, а главни тоа го прават преку теруторијата на Унско-санската жупанија.
Од приближно 7.000 илегалните мигранти, колку што според процените на IOM сега ги има во БиХ, 5.200 лица престојуваат во прифатните центри концентриран на подрачјата на Бихаќ и Сараево. Уште 1.500 престојуваат на отворено или во импровизирани сместувања во бихачкиот регион, а неколку стотици на подрачјето на Тузла.
Претставниците на IOM тврдат дека меѓу илегалните мигранти во БиХ досега немало потврдени случаи на коронавирусот.