Во Босна и Херцеговина во средата се потврдени малку повеќе од 1.600 нови случаи на зараза со коронавирусот, но во некои делови од земјта епидемијата полека забавува а властите се надеваат дека ваквиот тренд може да се одржи.
Според податоците на ентитетските заводи за јавно здравје од вторникот биле тестирани вкупно над 4.500 примероци а заразата со коронавирусот е потврдена кај 1.172 лица од Федерацијата БиХ и кај 365 лица од Република Српска и уште 92 заразени се регистрирани во дистриктот Брчко.
Починале 47 лица кои биле лекувани од Covid-19, од кои 26 смртни случаи се од Република Српса, 19 до Федерацијата БиХ и два од Брчко.
Во главниот град Сараево, каде со седмици имаше најголем број новозаразени на дневно ниво, во последните 24 часа се регистриани 64 нови случаи, додека во Бања Лука се потврдени 102 нови коронаинфекции.
Денеска Заводот за јавно здравје на Сараевската жупанија објави анализа со која се потврдува дека октомври и првата половина од ноември биле најлошите периоди од избувнувањето на епидемијата, а на 11-ти ноември бил достигнат апсолутниот рекорд со 879 новозаразени на 100.000 жители. Од тогаш бројките се во постепено опаѓање, па се смета дека тоа би можело да биде индикатор за поповолни трендови.
„Моменталните бројки укажуваат на забавување на епидемијата во Сараевската жупанија, како и на неопходноста од придржување на пропишаните мерки и препораки за соживот со вирусот“, се наведува во анализата/.
Во целата БиХ оваа седмица дневниот број на новозаразени е помал отколку претходната седмица кога имаше и повеќе од 1.900 зарази во еден ден. Вкупно во земјата од избувнувањето на епидемијата се регизстирани повеќе од 74.000 случаи на заразата а починаа повеќе од 2.000 лица.