Во Босна и Херцеговина во понеделникот се потврдени 143 нови случаи на зараза со коронавирусот, а девет лица починале во последните 24 часа, соопштија ентитетските здравствени власти.
По тестирањето на малку повеќе од 1.100 примероци заразата со вируост SARS-CoV-2 е потврдена кај 91 лице од Федерацијата БиХ и кај 52 од Република Српска.
Поединечно најголемиот број новозаразени има во Бања Лука каде што од неделата се потврдени 23 нови случаи, во Бихаќ имало 14 а во Сараево само три случаи. Во моментов се смета дека има околу шест илјади активни случаи, но сразмерно е мал бројот на тешки случаи.
Вообичаено преку викендов е помал бројот на новозаразените во БиХ бидејќи тогаш се спроведуваат многу помалку тестирања. Меѓутоа, здравствените власти во земјата тврдат дека заразата во секој случај е под контрола, како и дека нема потреба до воведување дополнителни мерки на ограничувања.
Наставата во средните и основните училишта и натаму се одвива со физичко присуство во училниците и сте угостителски објекти во земјата работат до 23 часот.