Во БиХ нови 160 случаи на зараза со коронавирусот

Во Босна и Херцеговина во вторникот се потврдени нови случаи на зараза со коронавирусот, објавија ентитетските заводи за јавно здравство.

По тестирањата на малку помалку од 1.300 лица во изминатите 24 часа, вирусот е потврден кај 83 лица во Република Српска, од кои дури 39 новозаразени од областа на Бијељина, одека во Федерацијата БиХ заразата е потврдена кај 77 лица.

Во Република Српска пријавени се и три нови смртни случаи поврзани со заразата од коронавирусот, а починале два мажи и една жена во поодмината возраст.

Вкупниот број лица кај кој во БиХ е потврдена заразата на коронавирусот, од којавата на болеста Covid-19 во март до вторникот, е близу 4.500, а пријавени се и 199 смртни случаи поврзани со оваа болест.

Властите во БиХ наложија нови мерки чијашто цел е да се оневозможат масовни собирња. Во затворени простори сега може да престојуваат заедно најмногу 50 лица, задолжиелно е користењето заштитни маски и се препорачува строго почитување на физичката дистанца.